ЕВРЕЈСКИ КОЛАЧ FLODNI

За тестото:

  • 600 г брашно
  • 3 жолчки
  • 250 мл млеко
  • 1/2 коцка квасец
  • 150 г омекнат маргарин
  • 1 лажица шеќер

Прв фил

  • 300 г мелен афион
  • 200 мл млеко
  • 150 г шеќер
  • 2 лажици мед

  Втор фил

  • 300 г мелени ореви
  • 150 мл млеко
  • 100 г шеќер

Трет фил

  • 1 кг јаболка
  • 150 г шеќер
  • 1 ќесичка цимет

Четврт фил

  • Мармалад од кајсии

Квасецот се раствора во топло млеко со една лажица шеќер и се остава да стаса.
Во длабок сад ги ставаме брашното, жолчките и омекнатиот маргарин. Се додава квасецот и се замесува. Добро измесеното тесто го делиме на 5 еднакви дела и ги покриваме со крпа да стојат 2 часа. Од секој дел од тестото развлекуваме правоаголна кора колку што е голема тавата.

Подготовка на филовите

Прв фил
Во зовриено млеко со шеќер се додава мелениот афион, се намалува температурата и се додаваат медот и кората од лимон. Се заедно се вари уште 5 мин. на тивко и се остава филот добро да се излади.

Втор фил
Во зовриено млеко со шеќер се додаваат оревите, се вари на тивко уште 5 мин. со постојано мешање и се остава да се излади.

Трет фил
Излупените јаболка се рендаат и се цедат од сокот. Се додава шеќерот и се вари на тивко 10 мин.Во изладениот фил се додава циметот.

Тавата во која ќе се прави колачот мора да биде длабока и правоаголна и намачкана со масло.
Се реди кора, па фил од јаболка, кора па фил со афион, кора па фил со ореви, кора, па поголем слој мармалад од кајсии и на крај се завршува со кора. Се премачкува со изматено јајце.
Се пече во загреана рерна на 180°С 10 мин., а потоа на 150°С уште 45-60 мин.