4 јајца
1 шолја шеќер
1 шолја мед
½ шолја масло
3 шолји брашно
1 лажиче сол
2 лажички прашок за печиво
½ лажичка цимет
3 лажици црно сварено кафе (јако)
1 шолја топла вода
Пенесто се матат жолчките со шеќерот. Се додаваат маслото и медот и сето добро се изедначува. Постепено со мешање се додаваат брашното и зачините (сол, цимет) и изладеното кафе. На крајот се додава цврст снег од белките. Се става во подмачкан плех со масло и брашно и се пече околу 80 мин. на 180°С.