ВАРЕНИ ЈАЈЦА

GUEVOS INHAMINADOS

  • Јајца
  • Лушпи од кромид
  • Сол, црн пипер во зрна

Во тенџере се редат ред лушпи од кромид, ред јајца, и се посипуваат со сол и со црн пипер. Се залева со ладна вода и се варат на тивок оган 6-7 часа.

*Варени јајца Guevos inhaminados омилени во секоја сефардска куќа. Ваквите јајца  се смета дека  претставуваат живот. Се подготвуваат секој петок за сабота вечер (Шабат). Се служат и за сите празници и домашни прослави, а  се принесуваат и при погреби.