Претседателот Стево Пендаровски го честиташе празникот Јом Кипур

По повод големиот еврејски празник Јом Кипур, денот на помирувањето, претседателот Стево Пендаровски упати честитка до членовите на Еврејската заедница.

„Јом Кипур има уникатно место во еврејскиот календар. Една од клучните пораки на овој празник на покајанието, искупувањето и помирувањето е дека не е предоцна за да се сврти нова страница во животот, да се биде благодарен за благословите во сопствениот живот и да се биде благослов во животите на другите луѓе и во општеството“.

„Молитвите и постот нека Ви донесат утеха, духовен мир, поттик за добри дела што ги рушат бариерите меѓу луѓето и заедниците. Малите дела на добрина, хуманост и солидарност можат да направат голема разлика, особено во време кога се соочуваме со глобалната пандемија со Ковид-19. Затоа, иако малубројна, Еврејската заедница со своите вредности има голем удел во негувањето на човечкото достоинство и заемното почитување во македонското мултиетничко, мултијазично и мултиконфесионално општество“.

Претседателот Пендаровски ја завршува честитката со традиционалните зборови кои се упатуваат на овој празник: G’mart Chatima Tova.