БАНИЦА ОД МАЦЕС

MINA DI MASAS

·         9-10 мацес кори

·         5 јајца

·         1 шолја масло

·         1 шолја млеко или јогурт

·         1 шолја кисела вода

·         500 г урда

·         1 помал калап сирење

·         сол по потреба, црн пипер

Се матат јајцата, па се додаваат млекото и маслото, добро да се измешаат. На крајот се додаваат урдата и иситнетото сирење. Се посолува и се зачинува по желба.

Мацес корите се потопуваат во киселата вода, малку да омекнат. Потоа во правоаголен плех, на хартија за печење, се редат корите, врз нив се распоредува дел од филот. Се става уште еден ред кори, па филот, потоа пак уште еден ред кори, и фил. Се завршува со ред од омекнатите кори. Се премачуваат со разматено јајце и сусам. Се пече во загреана рерна 30 мин. на температура 200-250°С. Кога ќе се испече, се вади од рерна, се покрива со крпа и се остава да истине. Се сече и се сервира ладно.

За правење на мацес питата  има уште една варијанта на редење на корите. Имено, во смесата со јајца, млеко и сирење се додава и чаша кисела вода, и мацес корите се кршат на помали делчиња кои се оставаат во смесата малку да омекнат (околу 15 мин). Потоа се сипува во намрсен плех и се пече.