БЛАГИ ЃЕВРЕЧИЊА

RUSKITAS

За тестото:

  • 500 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица рум
  • 2 шолјички млака вода
  • 1 чаша масло

За филот:

  • 300 г мелени ореви
  • 250 г шеќер
  • половина чаша вода
  • рендана кора од ½ лимон

За озгора:

  • жолчки
  • сусам или шеќер во прав

Филот може да се подготви порано.

Во сад се става половина чаша вода, се додава шеќер и се остава да зоврие. Се трга од оган и се додаваат оревите и добро се меша. На крајот се додава ренданата кора од лимон. Кога ќе се олади смесата, се става во фрижидер да се стегне и потоа се формираат „моливчиња“ долги приближно 30 цм.

Од состојките се замесува средно меко тесто. Се прават десетина топчиња. Секое топче се расукува во форма на лента со димензии 30×8 цм. На нив се става „моливчето“, се врти и се витка во ѓеврече.

Се редат во подмачкан плех со масло и брашно, озгора се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со сусам. Се печат во претходно загреана рерна на 250°С да заруменат. По желба, готовите рускитас се посипуваат со шеќер во прав.