ЕВРЕЈСКА ПИТА СО МЕСО И ПРАЗ

PASTEL

*доза за два тркалезни плеха со средна големина

За тестото:

  • 1 кг брашно
  • Сол
  • ½ шолја топла вода
  • ½ шолја масло

За филот:

  • 600 г јунешко мелено месо
  • 2 подебели страка праз
  • 3 шолји вода
  • ½ шолја масло
  • ½ лажичка црн пипер
  • 1 лажичка сол
  • 50 г маргарин

Во поголем и подлабок сад се става поголемиот дел од брашното. Во средината се прави дупка, и се замесува со додавање вода и масло, често додавајќи го остатокот од брашното. Тестото треба да е меко и мазно. Стои 30 мин. Празот се меле или ситно се сечка. Се вари во ½ чаша вода, се цеди и потоа се пржи со месото, со сол и црн пипер. Кога е добро пропржено, се полева со 2 шолји вода и се динстува на тивко. Филот треба да е средно густ. Се остава да истине.

Тестото се дели на 4 дела и се сукаат кори. Долните кори се подебели, приближно колку малиот прст, се постилаат во намрсен и набрашнет плех преку рабовите. Се филува. Се сука потенка кора и се постила во плехот до краевите. Вишокот од рабовите се сече со нож и се витка цикцак во витки.

Врз кората се ставаат парчиња маргарин. Се пече околу 40 мин. на 250°С  до убава кафеава боја и додека не се одлепи од работ на плехот.