КНЕДЛИ ОД МАЦЕС БРАШНО

BIMUELOS

·         1 јајце

·         20 г путер или маргарин

·         1 главица кромид

·         Мацес брашно

·         1 л вода

·         1 коцка пилешка супа

·         Сол, црн пипер и сечкан магдонос

Јајцето се мати со маснотијата (путерот). Се додаваат сечкан кромид, магдонос, сол и црн пипер. Постепено се додава и мацес брашно додека да се добие густа смеса. Од смесата се прават топки кои се варат во претходно подготвената бистра супа, неколку минути.