SUNGATO
- 300 г мелено јунешко месо
- 500 г праз
- 2 главици кромид
- 3 лажици остро брашно или презли
- 4 јајца
Се варат празот и кромидот, се цедат и ситно се сечкаат. На масло се пропржува месото со сечканиот праз и кромид, се додаваат зачините (сол,црн пипер), се трга настрана и се остава да се олади. Потоа се додаваат острото брашно и јајцата. Смесата се меша и се става во долгнавест плех. Се премачкува со масло и се пече околу 30 мин. на 200°С.