TISHPISHTI
- 500 мл масло
- 250 мл вода
- 1кг брашно
- 2 печива
- 20 лажици мелени ореви
- 1 лажица какао
- 100 г рендана чоколада
За шербетот:
- 400 г шеќер
- 400 мл вода
- Сок од ½ лимон
- 1 ванила
Водата и маслото да зовријат. Се додава брашното и постојано се меша. Се лади и се додаваат печивата. Тестото се дели на пет дела. Настрана се прави фил од мелените ореви, какаото и малку млака вода. И филот се дели на пет дела. Се зема еден дел од тестото, се прави како кора и се премачкува со еден дел од филот. Внимателно се свиткува во ролат. Истото се прави и со останатото тесто и филот. Ролатите се печат во подмачкан плех во загреана рерна на температура 180-200°С околу 30 мин. Откога ќе се испече, се попарува со шербетот. Се премачкуваат со стопена чоколада.
Напомена: Пред печење ролатот се сече на мали парчиња со дебелина колку еден прст.