УШТИПКИ ОД МАЦЕС

FRITULIKAS

·         4 мацес кори

·         4 јајца

·         1 лажица шеќер

·         1 ванила

·         кора од еден лимон

·         масло за пржење

За шербетот:

·         300 г шеќер

·         300 мл вода

Секоја мацес кора добро се натопува во вода. Настрана се матат белките со 1 лажица шеќер и ванила.Се додаваат жолчките и изренданата кора од лимон. Омекнатите мацес кори се цедат од вишокот вода и се кршат со раце или со виљушка. Така искршени се ставаат во изматените јајца. Добро се промешува. Во тава за пржење се налева доста масло (како за секое похување). Од смесата со лажица се вадат уштипки и се пржат во загреано масло од двете страни додека да заруменат. Испржените фритуликас колачиња се вадат од маслото со дупчеста лажица и топли се ставаат во претходно подготвен и изладен шербет малку да постојат. Се вадат од шербетот, се цедат и така исцедени се редат на плитка чинија или плех. По желба се посипуваат со мелени ореви.