ХАЛА

HALA

  • 1 кг брашно (за две хали)
  • 1 квасец
  • 1 чаша (200 г) масло
  • ½ чаша шеќер
  • 3 јајаца
  • 2 лажички сол
  • 1-2 чаши топла (млака) вода

Во помал сад се ставаат квасецот, лажиче шеќер и малку топла вода и се остава да стаса. Потоа во поголем сад се замесува тесто од брашното, солта, шеќерот, маслото и стасаниот квасец. Откако  ќе се измеси убаво тестото, се оформува како топка, се премачкува озгора со малку масло, се покрива со крпа и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на два дела. Од секој дел се вадат по три топчиња и се прават јажиња со дебелина околу два прста од кои се плете плетенка. Направените хали се оставаат да стасаат. Потоа се премачкуваат со изматено јајце и се печат во претходно загреана рерна на 250°С  околу 15 мин., а потоа се намалува на 180°С.