ХАМАНОВИ УШИ

HAMANTASHEN

  • 1 шолја шеќер
  • 1/3 шолја масло
  • 1/3 шолја путер
  • 3 јајца
  • ½ сок од портокал
  • 4 шолји брашно
  • 3 лажици прашок за печиво

За филот:

  • 1 шолја млеко
  • 200-300 г мелени ореви (или мелен  афион)
  • 1 лажица путер
  • 4 лажици мед

Во зовриено млеко се растопуваат путерот и медот. Потоа се додаваат мелените ореви (мелениот  афион), се остава уште малку на тивок оган до одредена густина и се остава да истине.

Се матат шеќерот, маслото и путерот. Се додаваат јајцата и сокот од портокал и се меша добро, па се додаваат брашното и прашокот за печиво. Се дели на четири дела. Секој дел се сука во тенка кора на побрашнета површина. Со чаша се вадат кругови од кората. На средината од секој круг се става половина лажичка фил. Тестото се преклопува од страните формирајќи триаголник. Се притискаат аглите да не истече филот за време на печењето и се редат во плех на хартија за печење. Се премачкуваат со разматено јајце и се печат 30 мин. во загреана рерна на 180°С.