ХУМУС

HUMMUS

  • 500 г наут
  • 5 лажици лимонов сок
  • 6 лажици масло
  • 4-6 чешниња лук
  • 1/3 чаша таан
  • 1 лажичка сол
  • ¼ лажичка ал пипер
  • Црн пипер, магдонос

Наутот отстојува 10 часа во вода (одвечер). Се менува водата и се вари приближно два часа (да омекне). Се цеди, настрана се остава околу 1 чаша од течноста и неколку цели зрна наут (за украс). Останатиот наут се меле во блендер или во машина за мелење. Додека се меша, постепено се додава од исцедената вода, лимоновиот сок, лукчето и лажица по лажица од маслото. Се се меша со дрвена лажица, се додаваат сол, црн пипер и ал пипер. На крајот се става таанот и сето тоа убаво се промешува во хомогена смеса. Се сервира полеано со маслиново масло, ал пипер, малку сечкан магдонос и цели зрна наут.