БУРИКИТАС

BUREKAS

*Тестото за солени и за благи бурикитас е исто. Разликата е само во филот.

  • 1 чаша (250 мл) вода
  • 1 чаша масло
  • ½ кг брашно
  • 1 печиво

За солените:

  • 300 г сирење
  • 2 јајца

За благите:

  • 200 г толчени ореви

За шербетот:

  • 500 г шеќер
  • Вода колку да се покрие шеќерот
  • 1 ванила
  • Сок од ½ лимон

Водата и маслото да зовријат. Се додава брашното и постојано се меша. Се лади и се додава печивото. Од тестото се прават топчиња со големина на слива. Топчето се расплескува на дланка, се става од претходно поготвениот фил (дробено сирење и јајца за солените, или толчени ореви попарени со малку шербет за благите бурекитас). Се преклопува во полукруг и со виљушка се притискаат страните. Се редат на хартија за печење во плех. Озгора се премачкуваат со жолчка и малку сусам и се печат во загреана рерна на температура 180-200°С околу 30 мин.

Благите бурикитас, откога ќе се испечат и ќе се оладат, се попаруваат со топол шербет.