Директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски го честиташе празникот Ханука

По повод празникот Ханука, директорот на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до претседателот на заедницата Берта Романо-Николиќ и членовите. Тој упати топли и срдечни зборови по повод празникот на светлината и на чудото:

„Пораката на Ханука е универзална, а таа е да ги чуваме и негуваме позитивните вредности, реафирмирајќи ја важноста за слободата на човекот и неговите заложби во градењето на подобар свет. Палењето на менората како традиционален обичај на Евреите од целиот свет претставува симбол на радост, светлина и победа над непријателските сили.

Во тој дух на празнична радост Ви посакувам деновите на Ханука да ги поминете во кругот на вашите најблиски, во љубов, светлина и здравје.“