Вечер ја палиме првата свеќа на ханукијата

Еврејската заедница вечер ќе ја запали првата свеќа на ханукијата за да го означи почетокот на Ханука, празникот на светлината и на чудото. Секој нареден ден се пали по уште една свеќа, заокружувајќи ги осумте дена на Ханука.

Поради вонредните услови на пандемијата со Ковид-19 оваа година за прв пат по многу години заедницата нема да се собере заеднички да ја запали првата свеќа и да го одбележи овој весел празник.

Нашите најмлади членови од Детското катче Крал Давид и Тинејџерската секција изработија видео-честитка по повод празникот.

Со надеж за повеќе здравје, благосостојба и светли денови за наредната година, оваа Ханука ќе ја одбележиме во кругот на семејствата.