По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ден кога воедно е ослободен и концентрациониот логор Аушвиц, се одржа онлајн комеморативното одбележување во организација на Министерството за надворешни работи. На конференцијата свое обраќање имаа: Министерот за надворешни работи г-дин Бујар Османи, германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел г-дин Дан Оријан и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам “Историја-лекции за сегашноста” од Младински образовен форум од Скопје. Во име на Еврејската заедница на РС Македонија се обрати Претседателот на Собранието на Еврејската заедница во РС Македонија Радојка Хелман – Денковска која меѓудругото истакна: „Холокаустот, не се случил некаде далеку, туку тука во Европа и тој не е само трагична епизода на светската историја туку единствено случување кое има универзално значење што треба да се памети не само заради почит кон жртвите и преживеаните, туку и како поука за светот.
- Денес сме поблиску до моментот кога холокаустот ќе престане да биде живо сеќавање и ќе стане историја. Следните генерации нема да можат да ја слушнат вистината од оние што го преживеале.
- Трагедијата на холокаустот станува знак и опомена за тоа каде може да води говорот на омраза и колку малку е потребно да се уништи еден народ и една цела нација