Шавуот

Шавуот се празнува 6. ден од месецот сиван, односно на крајот на мај или  во почетокот на јуни. Тој е втор по ред од трите празници за поклонение. Шавуот се слави во знак на сеќавање на денот кога Бог му ја дава Тората на еврејскиот народ на Синај.

Шавуот исто така се поврзува и со времето на жетва. Порано, жетвата на јачменот се извршувала за време на Песах, а за време на Шавуот се вршела жетвата на пченицата.

Обичај е да се јадат јадења и колачи подготвени од млечни производи. Во сефардските заедници се прават посебни колачи со млеко и суво грозје коишто се нарекуваат Монте ди Синај. Исто така, традиција во сефардските синагоги е мажите и најмладите момчиња да ја изнесат Тората надвор од синагогата и со неа момчињата прават седум круга околу синагогата со што се прославува добивањето на Тората на Синај.