Тинејџерска секција

            Тинејџерската секција е новооформена секција во заедницата и ја опфаќа возрасната група на младите од 13 до 19 години. Секцијата има свое управувачко тело на чело со претседател на секцијата кој се избира со четиригодишен мандат.

            Членовите на Тинејџерската секција одржуваат состаноци и одлучуваат за работата на секцијата. Тие се и дел од глобалната мрежа на организацијата BBYO во чии активности земаат активно учество.