Тубишват

Тубишват се празнува во месецот шеват, односно на крајот на јануари или во почетокот на февруари. Кај Сефардите, Тубишват е познат и под името Фрутас.

Со Тубишват се одбележува Новата година на дрвјата и е еден од четирите новогодишни празници што се споменуваат во Мишната. Вообичаено е да се садат дрвја и да се јаде суво овошје, смокви, урми и бадеми. За време на Тубишват во Израел обично цвета дивиот бадем.